10 години чиста страст: Opel OPC возилата го будат тркачот во вас!

Веќе 10 години, возилата на Opel Performance центарот демонтрираа колку многу спортски потенцијал и технолошка експертиза е спакувана во врвната линија на возила на овој бренд. Последните дополнувања на портфолиото – Opel Insignia OPC седан и Sports Tourer – ја издигнуваат философијата на повисоко ниво, нудејќи позрела моќ и рафинирана ефикасност.
OPC возилата се поинакви, тие се израз на чиста страст за возење, за автомобилите, за љубовта кон мото-спортот. OPC варијантите будат емоција и му дозволуваат на Opel да ја демонстрира својата експертиза во возната динамика и високите перформанси.
Opel докажа дека перформансите и моноволуменците не се здодевни. Opel беше првиот бренд кој во 2001 година понуди варијанта на моноволуменец со високи перформанси, со лансирањето на 2.0- литарската Turbo Zafira OPC со 192 KS.
Најпопуларното OPC возило минатата година беше Corsa OPC, со 1.6-литарски турбо мотор и 141kW/192 KS. Овој моќен мал автомобил забрзува од 0 до 100 км/ч за само 7.2 секунди и достигнува максимална брзина од 225 км/час.