Opel Insignia со 5 ѕвездички на Euro NCAP тестот за безбедност
Opel Insignia со 5 ѕвездички на Euro NCAP тестот за безбедност
Со извонреден резултат од 35 поени од максимални 37 и пет ѕвезди во рангот на возрасни патници, европската сообраќајна организација Euro NCAP ја потврди безбедноста на Opel Insignia.

Insignia, исто така, е наградена со четири ѕвезди за безбедност на деца и две ѕвезди за заштита на пешаци, што претставува највисоко оценето возило досега во сегментот на семејни возила. Овој независен институт уште претходно го потврди висо-киот квалитет на наслоните за глава на Insignia.
“Ние ја дизајниравме и конструиравме Insignia да биде една од најбезбедните возила на патот. Резултатот од Euro NCAP тестот го потврдува квалитетот на нашите технолошки решенија во однос на безбедноста”, вели Hans Demant, Извршен директор на Opel и Потпретседател на одделот за инженерство во GM Europe. Безбедносниот концепт беше при-знаен од страна на 59 европски новинари кои ја прогласија Insignia за “Автомобил на година-та 2009”.
Структурата на телото и системот на сигурносни појаси за патниците се дизајнирани да ги исполнат сите тековни и претпоставени безбедносни стандарди во услови на судир не само во Европа туку и ширум светот. Така, во-зилото нуди оптимална заштита во реални ситуации.
Како дополнување на цврстата телесна структура, безбедносната опрема на Opel Insignia вклучува до 8 воздушни перници, нови активни наслони за глава на предните седишта и двојни затегачи на појасите за патниците во предниот дел. Opel Insignia нуди опрема за активна безбедност како ABS со бројни помошни функции, контрола на пролизгување (TCPlus), нова генерација на ESPPlus, како и адаптивни светла за сопирачките. Можна е селекција и на дополнителна опрема, како на пример, адаптивно предно осветлување (АFL+), адаптивен 4х4 систем и Opel Eye систем на камери кои ја унапредуваат стабилноста и му помагаат на возачот.
Извонредно цврста безбедносна ќелија за патниците

Основата на пасивната безбедност кај Insignia е силната ќелија за патниците, главно произведена од високоцврст челик. За да се апсорбира енергијата од ударот, одделот за патници во предниот, страничниот и задниот дел се опкружени со набрани зо-ни кои се деформираат и ја држат ситуацијата под контрола. Напред, дизајнирани се три одделни патеки за оптоварување кои ги апсорбираат и канализираат силите на ударот: предната подрамка, надолжните придружни шини, како и горните шини кои водат кон А-столбот. Одназад, уште два надолжни носачи се поврзани со алуминскиот носач на браникот. Во случај на силен удар во задниот дел, тие се дизајнирани да се закочат и деформираат на прогресивен начин,
канализирајќи ја енергијата кон ниските секции на С-столбовите, полумесечините на тркалата и подот. За странична заштита при удар, таму каде има малку капацитет за да се проектира значителна зона на набирање, страничната структура на телото е создадена да ги распрска оптоварувањата. Вратите имаат челични шипки за зајакнување кои се монтирани дијагонално.
Мерките за заштита од удар во глава кај пешаците вклучуваат адекватен простор за сите цврсти точки под капакот на моторот, со прифаќањето на дизајнот на “мек” капак со широки отвори во внатрешноста кои ќе обезбедат флексибилност, но и цврстина, во исто време.