Chevrolet Cruze: Возбудлив дизајн!
Комплетно нов Chevrolet Cruze: Возбудлив дизајн !
Динамична појава

Лачната кровна линија, која се протега од стрмото ветробранско стакло кон спуштените задни столбови, претставува несекојдневен детал во дизајнот на екстериерот. Тој визуелно го истегнува стакленото куќиште на Cruze, давајќи му изглед на четиривратно купé - за првпат во овој сегмент.
Нагласената конкавна линија на рамењата која непречено се движи од предните светла кон задните светла е поставена да биде заштитен знак на новиот дизајн на Chevrolet, заедно со дуалната решетка, поделена со напречна лајсна во боја на каросеријата, на која е поставено златното лого – крст.
Поширок и подолг од неговиот претходник, Cruze има наменска, добро испланирана поставеност на тркалата, кои може да достигнат до 17 инчи, лоцирани на надворешните рабови на јасно оцртаната каросерија.
Куќиштата на големите предни стакла ги обвиткуваат предните рабови и се завртуваат, во вид на стрела, кон браниците, со што се унапредува динамичкиот изглед на Cruze. Јасните поликарбонатни надворешни леќи осветлуваат со ефект на светкање на дијамантски накит. Двојните халогенски ламби се длабоко поставени во јасно дефинираното куќиште, нагласени со пијано црна обиколка, над и под.
Високо-квалитетен ентериер
Револуционерната дизајнерска тема на Cruze продолжува и во внатрешноста. Ентериерот го трансплантира карактеристичниот стилски знак на Chevrolet – карактеристичниот 'дуален кокпит' изглед на Corvette. Пониските челни панели, во тон со вметоците на предните седишта, се шират симетрично околу обете страни од централната позиција, што обезбедува споделување на возното искуство помеѓу возачот и совозачот.

Квалитетот на ентериерот е исто толку револуционерен. Ова се рефлектира во аплицирањето на зрнестите површини, материјалите меки на допир и мат панелите на тапацирот. Сé тоа придонесува за квалитетот на амбиентот во кабината, која е ехо на јасниот, хармоничен дизајн на екстериерот. На пример, целиот изглед на централната конзола, системот за забава и информирање, контролата за клима уредот и дисплејот се далеку од традиционалниот изглед и претставуваат модерна презентација на комплетно новиот автомобил.Просторната кабина може удобно да смести пет патници. Таа нуди извонредна просторност за патниците одзади, со повеќе простор за нозете, главата и рамењата, споредено со останатите возила од оваа класа. Обемниот систем за информирање и забава вклучува DVD- базирана сателитска навигација со препознавање на глас и 7-инчен дисплеј за мапи, за првпат присутен кај Chevrolet во овој сегмент. Аудио системите со четири, односно шест звучници, исто така, нуди можност за пуштање на музика од MP3, iPod или мемориски стик. Посложените системи имаат и хард диск за трајно зачувување на музиката, што е новина во овој сегмент на пазарот.
Продорна сила
Под капакот на моторот, Cruze нуди подеднакво импресивна погонска единица, која вклучува комплетно нов автоматски менувач, кој претставува прва шест-степенска апликација на Chevrolet во овој сегмент, како дополнување на петстепенските мануелни менувачи. Обата 16-вентилски, 1.6 (112 КС/83 kW) и 1.8 литарскиот (140КС/103 kW) бензински мотори имаат променлив циклус на цилиндрите (VVT) - и на влезните и на излезните страни, со што се обезбедува поголема моќност, но и помала потрошувачка и емисија на гасови. Респективно, овие мотори имаат забрзување од 0 до 100 км за 12.4, односно 9.8 секунди, со комбинирана потрошувачка на гориво од 6.7 и 6.8 литри/100км.

Новиот 2-литарски турбо дизел мотор, кој развива 150 КС/110 kW и вртежен момент од 320 Nm на 2000 вртежи/мин, додава дополнителна моќ со уште поголема економичност. Тој содржи common-rail, директно и повеќекратно вбризгување на гориво со променлива геометрија на турбо-полначот. Резултатот е силни перформанси (од 0 до 100 км за 9.4 секунди), со потрошувачка во комбиниран циклус од само 5.8 л/100 км. По лансирањето, достапна ќе биде и варијанта со 125 КС/92 kW и вртежен момент од 300Nm. На пат, Cruze нуди возно искуство кое го исполнува ветувањето за динамика, навестено со неговиот изглед. Купувачите ќе ја ценат суспензијата, кочењето и системот за управување кои се тјунирани за европските стандарди, со фин баланс помеѓу агилноста и доброто рафинирано возење.