Opel Insignia ecoFlex: атрактивно лесни 130 коњски сили – и за паричникот и за движењето!


Оpel  го претстави новиот ecoFlex мотор со 95kW/130KS за Insignia, како дел од ecoFlex палетата на мотори, со извонредно атрактивна цена, правејќи го особено привлечен за флотните, но и за обичните купувачи во неколкуте европски држави со специфични еко-давачки.
Новото почетно ниво нуди подостапна еколошка мобилност со почетни цени од 26.400ЕУР за германскиот пазар. Новиот мотор му се придружува на ecoFlex верзијата со 160КС, која веќе е присутна кај Insignia. Обата мотори се достапни кај Insignia ecoFlex ночбек и хечбек варијантите. Кон крајот на годинава, овие мотори ќе бидат достапни и кај Sports Tourer изведбата.
Insignia ecoFlex моделите го комбинираат најдоброто од двата света: Тие нудат ниска емисија на штетни гасови и мала потрошувачка на гориво, без да прават компромис со перформансите или пак, со возната динамика. Обата мотори трошат само 5.2 литри на 100км, што е еднакво на 136г/км СО2 емисија, а сепак, тие испорачуваат значајни вредности на вртежниот момент, кои се движат помеѓу 320 и 380 Nm. Toa е должи на моќниот 2-литарски турбо дизел мотор од новата генерација на common rail мотори рафинирани специјално за гамата ecoFlex. Како и моторите од целокупната гама на Insignia, така и ecoFlex моделите ги исполнуваат Euro5 стандардите.

CleanTech технологијата ја оптимизира ефикасноста

Срцето на ecoFlex моделот се  моторите со 118kW/160KS или 96kW/130KS, варијанти од новата генерација на дволитарскиот турбо дизел мотор со четири цилиндри, кој беше лансиран кај Insignia минатата зима. Тие доаѓаат во пар само со 6-степенски мануелен менувач , кај кого одот кај последниот степен на пренос е продолжен за да се намали потрошувачката на гориво. Како додаток, индикаторот за промена на степенот на пренос му сигнализира на возачот кога системот за менаџирање со погонската единица ќе процени дека треба да се зголеми степенот на пренос, за да се заштеди гориво. Дополнително, пократки одови на степенот на пренос се избрани за првата и втората брзина  за да се избегне било какво ослабнување на способностите за забрзување на Insignia ecoFlex.
Нова, специфична технологија ја има својата премиера кај моторот на Insignia ecoFlex: CleanTech процесот на внатрешно согорување. Таа обезбедува најмала можна потрошувачка на гориво и ниво на издувни гасови преку електронски систем со затворена јамка. Главните овозможувачи на оваа технологија за економнична потрошувачка се новите сензори кои го мерат притискот во секоја од четирите комори за согорување.