Избор на читателите: Opel Insignia Sports Tourer доби награда за најдобар дизајн

Opel Insignia Sports Tourer ја освои престижната награда Autonis 2009, за најдобар дизајн на годината во средната класа на возила. Добитникот на наградата, која ја доделува Auto Motor ünd Sport, еден од најпознатите специјализирани магазини за автомобили во Германија, беше избран од страна на 10.429 читатели, кои избираа од вкупно 89 нови модели во осум категории. Стилскиот караван на Opel освои 42.4% од гласовите, позиционирајќи ја Insignia Sports Tourer многу понапред во однос на нејзините конкуренти – дури и од оние во премиум сегментот.
“Вајарската елеганција во комбинација со германската прецизност” е описот на новиот дизајнерски јазик на Opel, кој за првпат го видовме кај Insignia седан. Кај дизајнот на Sport Tourer, Opel ги задржа елегантните, а сепак спортски линии на  Insignia, но со свој личен профил без да изгуби на практичноста. Sports Tourer зрачи со моќна, мускулеста рафинираност. Задниот дел ја содржи линијата на самодоверба која се протега од задниот дел, кон страниците. Комплетно вградетните задни светла додаваат впечатлив акцент на целосната појава.

“Ние сме особено среќни што читателите на Auto Motor ünd Sport ја избраа Insignia Sports Tourer како најубава нова појава во средната класа на возила,” изјави Carl-Peter Forster, шеф на Бордот за супервизија во Opel. “Ние во Opel  сме многу горди што добиваме уште една награда за Insignia. Тоа покажува дека се наоѓаме на вистинскиот пат во поглед на квалитетот на дизајнот и технологијата на возилата.”

Ова е 25-тата меѓународна награда за Insignia во годината на нејзиното лансирање. До денес, ширум Европа се направени  околу 150.000 порачки за овој престижен модел.