Dunlop едуцира: 8 митови за зимските гуми
МИТ бр. 1:
Зимските гуми се скапи.
ВИСТИНА:
Генерално, постои мала ценовна разлика помеѓу летните и зимските гуми. Бројот на изминати километри кај модерните зимски гуми е значително зголемен поради усовршувањето на технологијата на изработка на материјали за пневматиците. Редовната проверка на притисокот на воздух исто така, обезбедува рамномерно абење на пневматиците и зголемена економичност на возилото. Промената на гумите во вистинското време од годината исто така го зголемува бројот на изминати километри, така што инвестицијата во зимски гуми дефинитивно се исплатува. Се препорачува промената да се направи при температура од +7˚С.
МИТ бр. 2:
Зимските гуми се потребни само за патишта кои постојано се покриени со снег и мраз.
ВИСТИНА:
Зимските гуми ја зголемуваат управливоста на возилото во секакви зимски услови. На зимски патишта, летните гуми ја губат контролата поради посебната технологија за летни пневматици и специјалната смеша на нагазната површина. Зимските гуми имаат специјална технологија на остри рабови и смеша за да обезбедат подобра контрола на било каква површина.

МИТ бр. 3:
Перформансите на зимските гуми не зависат од длабочината на шарата на нагазната површина.
ВИСТИНА:
Колку подлабока шара има зимскиот пневматик, толку подобри перформанси ќе има на зимските патишта. Нормално, гумите се опремени со индикатор за абење на шарата, кој покажува длабочина од 1.6мм. Dunlop препорачува зимски гуми кои имаат минимална длабочина на шарата од 4мм, па затоа Dunlop гумите се опремени со дополнителен зимски индикатор за абење на шарата на нагазната површина.
МИТ бр. 4:
Зимските гуми продуцираат неудобно возење.
ВИСТИНА:
Зимските гуми обезбедуваат удобно патување на секаков пат. Поголем број на луѓе нема да почувствуваат никаква разлика во комфорот при премин од летни на зимски гуми. Дури и на суви автопати и при големи брзини, модерните зимски гуми обезбедуваат удобно возење со минимално ниво на бучавост.
МИТ бр. 5:
Зимските гуми не изгледаат толку привлечно како летните.
ВИСТИНА:
Модерните зимски пневматици имаат привлечен дизајн. Денешната генерација на зимски гуми изгледа исто привлечно како и летните гуми и одговара на дизајнот на модерните автомобили. Достапни се и алумински фелни, така што не е потребно да ги ставата зимските гуми на челични фелни.
МИТ бр. 6:
Зимските гуми немаат добри перформанси при големи брзини.
ВИСТИНА:
Современите зимски гуми обезбедуваат високи перформанси при големи брзини. Dunlop нуди зимски гуми кои обезбедуваат максимални нивоа на управливост и возење со брзини до 270 км/час. Индексот на брзина кај пневматикот, видлив на страничниот ѕид, оди заедно со буква. Буквата Q значи дека гумите може безбедно да се возат до максимална брзина од 160 км/час; буквата Т се однесува за брзини до 190 км/час, Н е за 210 км/час, V е за 240 км/час и на крајот, W е за 270 км/час.

МИТ бр. 7:
SUV и 4 х 4 возилата немаат потреба од зимски пневматици.
ВИСТИНА:
SUV и 4 х 4 возилата треба да користат зимски пневматици.
Поради поголемата тежина и големина на овие возила, опремувањето со зимски гуми е пресудно за да се обезбеди добра управливост на лизгави и замрзнати патишта. Погон на сите четири тркала е неефикасен доколку возилото има на себе летни гуми.
МИТ бр. 8:
Не е важно на кој начин ги монтирам моите зимски пневматици.
ВИСТИНА:
Зимските гуми треба да се монтираат согласно посебни правила. Зимските пневматици кои не се од ист тип и дизајн може да предизвикаат неочекувано однесување од автомобилот. Кај возилата со погон на сите четири тркала, гумите со поголема длабочина на профилот треба да се монтираат на задната оска.
ПРЕПОРАКА: Доколку сакате безбедно, а во исто време, удобно возење во секакви временски услови во зимскиот период, не правете компромис - набавете зимски гуми во моментот кога температурите ќе почнат да се приближуваат до +7˚С!