Златен волан 2009: Прв трофеј за Новата Opel Astra !

На 3-ти ноември во Берлин, европските фанови на возила и’ го доделија на Новата Opel Astra првиот голем трофеј  - Златен Волан во компактната класа. Тоа е најпрестижната награда која ја доделува Auto bild магазинот, членка на  Axel Springer Group. Оваа година, гласањето вклучуваше читатели од 26 европски земји, што претставува читателска публика од над 40 милиони.

Новата Opel Astra победи со значајна предност, добивајќи врвни оцени за моторите, потрошувачката на гориво, шасијата, кочењето, управувањето и безбедноста. Мото-спорт возачите и техничките експерти ја рангираа Astra на првото место.
Новата Astra со 5 врати, која беше лансирана на IAA Frankfurt Motor Show годинава, во компактната класа ја носи сопствената интерпретација на победничиот дизајнерски јазик на брендот, со комбининрање на вајарската вештина и германската прецизност, во склад со палета од технолошки иновации кои за првпат беа претставени кај Insignia.
Изборот за Златен Волан се спроведува во две фази. Во првиот круг, европските читатели гласаат за нивните омилени возила, избирајќи 46 возила во 6 категории (мала, компактна, средно-висока, луксузна, суперспорт и комби класа). Потоа, се организира панел од 50 експерти, кој вклучува техничари, тркачи, главни уредници и ВИП претставници, кои ги тестираат и оценуваат номинираните возила во однос на динамиката, удобноста и квалитетот. Покрај бројни германски славни личности и тркачите, исто така, учествуваат во гласањето. Тука треба да се споменат двократните светски рели шампиони Walter Röhrl и Isolde Holderied, DTM пилотите Mattias Ekström и Ralf Schumacher, германската легенда Hans-Joachim Stuck и швајцарката Christina Surer.
Opel освоил Златен Волан 12 пати, во 33 години колку што се одржува изборот. Последниот негов победник беше Opel Zafira во 2005-тата година.