Новата Opel Astra со 5 ѕвезди за безбедност од EuroNCAP!

Европската организација за тестирање на безбедноста на новите возила – EuroNCAP, ја награди новата Opel Astra со пет ѕвезди за безбедност, што претставува највисок рејтинг во однос на новите стриктни регулативи кои стапија на сила оваа година.
EuroNCAP ја награди Astra со највисок број на поени за активните наслони за глава особено во услови на удар одзади. Активните наслони за глава на Opel се интегрален дел индустријата за производство на врвни седишта, но истовремено претставуваат техничка иновација сами по себе. Тие се комплетно реверзибилни, така што после удар одзади нема потреба да се ресетираат.
Astra се покажа извонредно добро во заштитата на патниците во услови на фронтален удар. NCAP исто така, додаде поени за Електронската контрола за стабилност (Electronic Stability ControlPlus -ECSPlus), компјутерска технологија која ја подобрува стабилноста на возилото по пат на детекција и минимизирање на лизгањето која е стандард кај сите варијанти во сите 27 држави каде се на сила рејтинзите на EuroNCAP, вклучувајќи ги и Норвешка и Швајцарија.
“Дизајнерите, инженерите и конструкторите во Opel создадоа едно од најбезбедните возила во светот. Тоа не е само мислење, тоа е факт потврден од неазвисните организации за безбедност,” изјави Hans Demant, извршен директор на Adam Opel GmbH.

Структурата на телото и системот за наслон на патниците кај Astra се подготвени да ги исполнат тековните, но и очекуваните стандарди за безбедност при удар, не само во Европа туку и ширум светот, нудејќи оптимална заштита во реални животни ситуации.
Меѓу многуте безбедносни компоненти кај Astra, треба да се споменат и новите усовршени дуални презатегачи на сигурносните појаси, кои помагаат во спречување на повреди бидејќи тие ги фиксираат препоните на патникот во случај на удар, со што се елиминира потребата од поставување на скапи и тешки воздушни перници за колената, а се остава простор за повеќе простор за одлагање на предмети во возилото.
Останатата пасивна безбедносна опрема кај Astra вклучува 6 воздушни перници, систем за предупредување за ставање на сигурносниот појас и исклучување на воздушното перниче на совозачот при поставување на детско седиште напред. Тука е и ABS-от со бројни помошни функции, контрола на пролизгување, нова генерација на ESPPlus системот, прилагодливи светла за кочење, адаптивно предно осветлување (AFL+) и Opel Eye системот од камери.