Промоција на комплетно Новата Opel Astra: И Акција!

На 23-ти декември, 2009 година, Авто Куќа за своите деловни соработници, клиенти и пријатели приреди промоција на комплетно Новата Opel Astra.


Во опуштена атмосфера во кафулето Змија, гостите имаа прилика да се запознаат со гордоста на Opel во компактната класа, преку видео презентација и директен контакт со возилото.
Задоволството од убавината на овој маркантен автомобил не можеше, а да не се забележи на лицата на присутните гости, кои по крајот на официјалниот дел, ги забавуваше ДЈ Баже од Антена 5 радио.


Од срце и' посакуваме на Новата Astra да доживее огромен успех на пазарот. И Акција!