Што е Club Card?
Станете член на големото семејство и освојте ги сите привилегии и придобивки кои ви ги нудиме.
Клубот на Авто Куќа го сочинуваат лица од сите професии, приватни бизнисмени, дипломати, лекари, новинари, инженери, адвокати, како и јавни и приватни компании, банки, фабрики, рент-а-кар, авто школи, туристички агенции, странски претставништва, амбасади, државни органи, министерства …
Со нашата клуб картичка, сите корисници имаат дополнителни привилегии и придобивки, во периодот на користење на нивното возило.
Како да станам член?
По автоматизам, секој купувач на ново возило кој кај нас купил возило на Opel или Chevrolet, станува член на клубот. Исто така, членови стануваат и купувачите на алуминските фелни Borbet или, пак, на сет нови пневматици Dunlop или Fulda.
На сите наши клиенти кои редовно го посетуваат нашиот сервис и се снабдуваат со резервни делови или додатоци за возилото, важноста на клуб картичката автоматски им се продолжува и во следната година.
Сите оние кои не ги исполниле условите за автоматско добивање на клуб картичка, истата може да ја добијат со испраќање на апликација, која што можете да ја набавите во салонот на Авто Куќа.