Нашиот тим
Нашиот успех се должи на нашиот тим богат со искуство и знаење како да ги мотивира другите, лојален и способен за ефикасно решавање на евентуалните проблеми.
Авто Куќа има 50 млади, високо-квалификувани кадри, поголем број со високо образование, сите екпсерти во својата професија.
Дополнителната професионална обука и едукација изведена во тренинг-центрите надвор од земјата, ни дозволува да ја пренесеме доверливоста и одговорноста до периферните нивоа од тимот. Со тоа се поттикнува успешност во сите стадиуми од нашите бизнис процеси, што претставува единствена долгорочна гаранција за зголемувањето на конкурентноста на нашата компанија. Она по што ние се разликуваме од останатите се цени и развива, а развојот на нашиот тим е поттикнат преку секојдневна комуникација и учење.
Вработените во Авто Куќа претставуваат влијателен сегмент кој влијае на успешноста во работењето, затоа што нивната лојалност е движечка сила на компанијата. Дополнителни напори се направени да се обезбеди здрава работна средина, која му дозволува на секој вработен успешно да придонесе во развојот на бизнисот.